Актерот Лазар Ристовски, откако се разведе од повеќедецениската сопруга Даница, по кратка постапка ја исфрли од екипата на серијата „Дрим тим“. Во нејзиното продолжение ја ангажираше својата нова девојка Аница Лазиќ, која е 39 години помлада.
Во оваа прилика сега се огласи Даница Ристовска, која ги потврди овие наводи.
– Тоа е точно. Јас не играм. Што повеќе да ви кажам. Веќе немам никаков коментар за ништо – кратко изјавила Даница.
Инаку, Даница одигра една од главните женски улоги во првата сезона од оваа серија. Таа ја играше спортската коментаторка Јованка Канаѓанин, чиј лик во втората сезона беше заменет со друга новинарка, која ја игра Паулина Манов. Ликот на Јованка во тековната сезона е целосно отстранет.
Во продолжение на серијата, се појавува сегашната девојка на Лазар, Аница. Ристовски улогата на Босилка и ја доделил на својата партнерка, па многумина сметаат дека актерот тоа го направил за да нема непријатна средба на бившата и сегашната партнерка на сетот.
– Лазар ја сними оваа серија откако објави дека се разведува од Даница со која беше во брак речиси пет децении. За да избегне каква било средба меѓу нив или да не се посомнева дека по разводот меѓу него и Аница има нешто повеќе од колегијална врска, Ристовски одлучил дека е најдобро да го отстрани ликот на Јованка од втората сезона на серии од кои тој е продуцент и главен актер. Тоа дури сега го сфатија сите кои работеа на серијата, вклучувајќи ја и самата Даница, на која ова и беше една од омилените улоги во кариерата – изјавил извор за српските медиуми.