Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, се почести со ново луксузно возило на четири тркала.

Роналдо си купи Bugatti „Centodieci“, автомобил кој беше произведен во само 10 примероци ширум светот, објави „Mirror“.

Новото Bugatti достигнува 100 km/h за 2,4 секунди и 200 km/h за 6,1 секунда, додека неговата максимална брзина е дури 380 km/h.

Неговата цена беше неверојатни 9,5 милиони евра!

Роналдо веќе има едно „бугати“ во својата гаража, и тоа најскапото. Пред две години, за ремек -делото „Ла Воатур Ноара“ плати 16,5 милиони евра.

Сопственик е познат Хрват

Сопственик на „Бугати“ во јули оваа година стана познатиот 33-годишен Хрват, Мате Римац.

За само 12 години, Римац од сопственик на стартап компанија основана во гаража стана прв човек на познатата француска компанија за производство на спортски автомобили.

Овој успешен иноватор го дизајнираше првиот хрватски електричен автомобил „Concept One“, кој од 0 до 200 километри на час забрзува за 6,2 секунди.