Три хороскопски знаци во 2022 година ги очекува малку потурбулентен период. Така, познатиот руски астролог Павел Глоба вели дека трите знаци ќе имаат многу тешкотии и предизвици во следните 12 месеци.

Стрелец

Внимавајте на приватниот живот, семејството и развојот на кариерата. Пред да инвестирате во бизнис, размислете добро и направете детален план. Ѕвездите не ви се наклонети кога се во прашање финансиите, па постои можност да загубите поголема сума поради лоша одлука. Во текот на 2022 година, посветете се повеќе на тоа да бидете во природа и да правите работи за вашата душа.

Нека биде оваа година во која ќе бидете на прво место. Сега не е добар момент за важни животни одлуки. Само препуштете се на моментот и уживајте. Клучните одлуки оставете ги за подоцна. Семејните односи ќе бидат затегнати, затоа размислете добро пред да зборувате.

Рак

Во текот на 2022 година ќе има моменти кога ќе посакате да „излезете“ од сопствената кожа. Ќе бидете во многу стресни и напнати ситуации, а ќе се трудите да ги надминете и да бидете мирни. Судбината ве тестира, гледајте какви потези правите.

Не би било лошо да почнете да вежбате медитација, па полесно ќе ги надминете сите неволји и турбулентни периоди. И покрај сите препреки на кои ќе наидете, едно е сигурно – крајот на годината ќе ќе го дочекате многу посилен психички.

Јарец

Исто како за Стрелецот, така и за вас оваа година нема да биде премногу добра кога се во прашање финансиите. Ќе потрошите повеќе отколку што заработувате, а големи се шансите да останете без поголема сума пари поради невидена одлука.

Сепак, на почетокот на пролетта ќе имате можност да започнете сопствен бизнис кој ќе ви донесе профит. Внимавајте и не донесувајте одлуки нагло. Добро погледнете што се случува околу вас, добро е да барате можности околу себе за случајно да не ја пропуштите онаа што судбината ви ја наменила, вели овој руски астролог.