Беким Хаџиу, сопственикот на Беса Транс бил во еден од автобусите кои се враќале од кобната ексурзија од Истанбул.
Неговите деца биле во четвртиот автобус. Но сите четири автобуси не возеле во конвој туку разделени па не ја виделе несреќата. Третиот автобус каде се случи страотниот пожар практично возел зад останатите.
Овие сознанија за Телма во интервју ги кажа обвинителката Вилма Русковска која ги сослушала сите возачи на автобусите.
“Не постоел конвој, затоа што автобусите од различно место од Истанбул, тргнувале за назад према Скопје. Во зависност од желбата на патниците, некои сакале да одат во еден трговски центар, други во друг, на пример два автобуси, меѓу кои и изгорениот, тргнале од паркинг, бидејќи тие патници не сакале да одат во продавници и затоа не се тргнати како конвој. ” – вели Русковска.
Хаџиу всушност бил вториот возач во еден од автобусите. Тој тврдел дека не е пренесувана никаква запалива материја во автобусите.
“Беше видно вознемирен и потресен. Го прашав дали носеле резервни канти со гориво. Вели дека нема шанси тоа да се случило. Ова беше неформален разговор, тука на самото место на настанот. Дали случајно можеби некој патник да купил пиротехнички средства, бидејќи се ближи Нова Година, исто беше дециден дека одговорот е не.” – додава Русковска.
Обвинителката Русковска, врз основа на информациите од бугарскиот обвинител и главниот истражител, како неточни ги опиша шпекулациите на бугарските таблоиди дека во автобусот се наоѓале и материјали за изработка на хероин која брзо горела.
Во однос на прашањето како било возможно автобусот да изгори толку бргу, обвинителката Вилма Рускоска, шефица на одделението за организиран криминал и корупција, изјави дека врз основа на информациите од бугарските истражители, за некои испитувања е потребно повеќе време.
“Инаку јас тоа точно го видов, баш го имам и сликано, делот фактички од кај што е почнат пожарот а тоа е багажниот простор кој се наоѓа над резервоарот на автобусот. Затоа што на автобусите, резервоарите се напред.” – изјави Рускоска за Топ Тема.
Русковска сите изјави и документи ги доставила до бугарските колеги кои ја водат истрагата за несреќата.