Рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на болница на руски војник кој беше ранет во Украина му рече дека „дефинитивно“ ќе се врати на линијата на фронтот откако ќе се опорави од повредите.
Во внимателно организираната посета на болницата – неговата прва средба со војниците кои се борат во Украина, рускиот претседател се распрашувал за нивните повреди и за семејствата, но не се зборувало за војната, пренесува британски „Телеграф“.
Имено, Путин ја посети воената болница во Москва, каде беше полно со телохранители во бели мантили кои ги проверуваа ходниците.
Откако еден офицер му рекол дека еден од ранетите војници сака да се врати во борба, тој го прашал војникот дали навистина има намера да продолжи да служи во руските сили. Кога тој одговорил: „Секако дека имам“, Путин, кој носеше бел мантил преку костумот, рече: „Секако дека сакаш“.
Rusia 🇷🇺 | Por primera vez desde el inicio de la invasión a Ucrania, el presidente, Vladímir Putin, visitó a militares heridos en la guerra. El mandatario acudió a un hospital militar de la capital, Moscú, acompañado del ministro de Defensa, Serguéi Shoigú. https://t.co/ZZUlGPYFIt
— Wikinoticias (@wikinoticias) May 25, 2022
Повредените војници изгледале напнато за време на посетата и внимателно стоеле покрај болничките кревети, облечени во пижами. Тие, наводно, закрепнуваат од раните нанесени од шрапнели и куршуми, но не се забележани очигледни повреди вообичаени за војниците повредени во воените зони.
Путин не ги прашал за нивните искуства на бојното поле, ниту коментирал за тековните конфликти.
Руската војска не објави нов официјален број на загинати од март, но британските одбранбени лидери оваа недела рекоа дека е „веројатно“ Русија да изгубила исто толку војници за три месеци војна во Украина колку што изгубил Советскиот Сојуз за девет години борејќи се во Авганистан.
Говорејќи на владиниот состанок подоцна во средата, Путин ги пофали руските војници.
„Овие луѓе ги ризикуваа своите животи и своето здравје за доброто на луѓето и децата на Донбас и за Русија. Сите тие се херои“, рече тој.
Неколку часа претходно, тој потпиша декрет за забрзување со стекнувањето руско државјанство за жителите на двата руски региони окупирани од Русија, што најверојатно ќе ги поткопа изгледите за мировни преговори.
Уредбата ги поедноставува барањата за Украинците од Керсон и Запорожје, два региони на југот на земјата кои се под руска контрола од почетокот на војната.