Кога речиси цело Скопје остана без електрична енергија, напојување имаше само во скопската општина Ѓорче Петров и дел од Хром.

Ова доаѓа откако попладнево, неколку минути по 17 часот, струја снема низ цел главен град.

Десетина скопски општини останаа без струја. Аеродром, Кисела Вода, Карпош 1,2,3,4, Мичурин, Автокоманда, се само дел од местата каде граѓаните немаат електрична енергија. Во повеќе наврати, напонот паѓаше и се враќаше.

Непознато е дали проблемот е целосно решен, бидејќи на секои 15 минути, напон доаѓа, па одновно снемува.