Девојчето Тамара Прокиќ (10) од соседна Србија со месеци се бореше со еден од најагресивните облици на рак, туморот на мозочното стебло – Дифузен интринсичен понтински глиом (DIPG).

За жал малата хероина не успеа да го победи. Како што објави нејзиниот татко на Фејсбук, малата Таша ја загуби оваа војна.

– По безмилосна и натчовечка борба, нашата Таша замина на заслужен одмор, на место поубаво и подобро од овој свет. Конечно го најде својот мир, кој повеќе од сè го заслужи со своето добро срце. Тацика, ти си засекогаш со нас, а ние со тебе. Ние те сакаме! – напишал таткото на Тамара, Ненад, пренесува „Блиц“.