Во Сараево синоќа се случила страшна сообраќајна несреќа во која тешко е повредено момче, а возачот кој ја предизвикал несреќата е контроверзниот учесник во ријалити програмите, Бенјамин Спаховиќ, објави Klix.ba.

Од оперативниот центар на МВР на кантонот Сараево за порталот Klix потврдија дека синоќа околу 21 часот на улицата Хамдија Крешевљаковиќ се случила сообраќајна несреќа при што еден пешак е тешко повреден.

Станува збор за момче кое е родено во 2005 година, а моментално се наоѓа во Клиничкиот центар за итна медицина, каде лекарите се борат за неговиот живот. Момчето е интубирано и има повреди на главата, односно голем хематом на мозокот и внатрешно крварење.

Бенјамин Спаховиќ е поранешен ММА борец, познат и по учеството во реалното шоу „Парови“. Инаку, Спаховиќ од претходно и е добро познат на сараевската полиција.

📸

📸

📸

📸

📸