Кога слушнав дека сум на списокот се шокирав. Не знам како пак ќе седнеме во училишните клупи, трауматично беше. Телата на моите пријатели паѓаа насекаде. Не знам дали некогаш ќе се вратам на училиште, изјави за „Блиц“ момчето кое се најде на списокот на Коста К. кој вчера застрела осум соученици и чуварот во ОУ„Владислав Рибникар“.

Момчето одело во ист клас со убиецот и повредените деца, а вели дека нивното одделение било главна мета.

-Кога влеза ја погоди учителката во вратот за да не може да го спречи. Имено, тој немаше ништо против неа. Беше добар ученик по сите предмети, немаше лоши оценки. Не се фалел дека одел на стрелиште, цело време молчеше, повлечен беше, изјави за Блиц момче кое било на списокот на Коста К. и во училницата кога момчето влегло. Само со чиста среќа ја избегнал смртта.

-Тие што не беа на списокот, а ги застрела, не се дружеше со нив. Никој не го навредувал и не се расправал со него. Како случајно да одлучил дека тоа ќе го направи сега. Сите мои пријатели беа на списокот, рече момчето.

Тој вели дека учениците прво мислеле дека е петарда кога Коста пукал во ходникот, а кога влегол само почнал да пука.

-Лицето му беше луто. Беше ладнокрвен, како да има план да ги убие сите. Тој не кажа ништо. Сите молчеа, врескаа и потоа молчеа. Бев во таа училница. Ја застрела учителката, па се заврте и почна да пука во првиот ред. Понатаму не знам затоа што кога го видов се фрлив низ прозорецот со другар, изјави за Блиц потресеното момче.

Според него, повеќето деца на списокот се преправале дека се мртви, некои избегале, а Коста не го знаел тоа.

-Некој не беа на училиште. Еден пријател ми кажа дека пукал и во другарите кои лежеле на земја за да се увери, додава тој.

Тој исто така тврди дека никој од тој клас не го навредувал момчето.

-Кога се префрли кај нас, ни кажа дека го малтретирале, на што му рековме да се опушти и дека ќе се дружиме со него. Беше примен во нашиот клас подобро од кој било друг, тврди ова момче.