Мексиканската активистка Аранза Рамос, која седум месеци се обидуваше да го пронајде својот исчезнат сопруг, татко на нивното едногодишно дете, беше киднапирана и ликвидирана од вооружени лица, пренесуваат локалните медиуми.
Според медиумите, таа била пронајдена мртва неколку часа откако била однесена од нејзината куќа во населбата Гуаимас во Ортиз, а полицијата го пронашла телото на тротоар.
Непосредно пред нејзината смрт, Аранза се приклучила на скоро сите можни групи на Фејсбук за исчезнати лица, во надеж дека ќе го пронајде нејзиниот сопруг Брајан, кој беше исчезнат од почетокот на годината.
– Другари, ве молам, можете ли да ми помогнете уште еднаш да ја споделам заедно фотографијата на Брајан и да се молам за него. Брајан, ќе те најдам, почекај ме уште малку, ова е само една од објавите што ги напиша на Фејсбук, пренесува Daily Star.
Засега не се знае многу за нејзината смрт, но се претпоставува дека киднаперите ги следеле нејзините најави и дека им пречело што толку многу се ангажирала во потрагата, па затоа решиле да го запрат тоа на суров начин.
Медиумите шпекулираат и дека семејството должи пари и затоа Брајан е киднапиран, но тоа се непроверени информации.
Брајан не беше пронајден дури по седум месеци, додека неговата сопруга беше ликвидирана по неколкумесечно трагање по својот маж.
Исто така, не е познато каква судбина ќе го снајде едногодишното дете, но најверојатно за бебето ќе се погрижи некој од семејството на Аранза и Брајан.