Б.С. (53) од Ниш, која на 11-ти април годинава со возило удри во двајца пешаци на пешачки премин, поради што двајцата починале во болница, била под дејство на психоактивни супстанци, објавуваат српските медиуми.
Несреќата се случила на Византискиот булевар во Ниш, кога Б.С. управувајќи автомобил „Голф“ ги погоси Љубомир Новаковиќ (80) и Даница Андриќ (75). Андриќ им подлегна на повредите на 17 април, а неколку дена подоцна и осумдесет годишниот маж ја загуби битката за живот.
Против жената која го управувала возилото тогаш во редовна постапка е поднесена кривична пријава за сторено тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај, односно не била уапсена бидејќи тестот за опијати бил негативен.
Меѓутоа, во истрагата што ја спроведе Основното јавно обвинителство, наредени се дополнителни анализи кои покажале дека Б.С. била неспособна за безбедно возење. Во ситуации кога возачот е под дејство на алкохол или опијати, понатамошно постапување презема Вишото јавно обвинителство, па случајот е префрлен во оваа судска институција.
Утврдено е дека Б.С. го прекршила членот 187 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот, кој предвидува дека возачот не смее да управува возило во сообраќајот доколку е под дејство на алкохол или психоактивни супстанци. Како што дознаваме, во телото на Б.С. утврдено е присуство на таблети кои се класифицирани како опијати и го прават возачот неспособен за возење.
Таа се товари и со друг член од Законот за безбедност на сообраќајот, кој предвидува дека доколку сообраќајот на пешачки премин не е регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци или знаци на полициски службеници, возачот е должен да ја прилагоди брзината на возилото за да може безбедно да помине пешакот.
Поради утврдување на овие околности, случајот е прекласифициран, па на Б.С. и се заканува и потешка казна. Кривичниот законик, во членот 297, според кој постапува нишкиот ВЈТ, предвидува доколку со јавен превоз е загрозена смртта на едно или повеќе лица, пропишаната казна затвор е од две до 12 години.