Во Прага е уапсен осомничениот за убиството на девојчето Валерија (9) во германскиот град Дебелн.

Како што беше соопштено, по убиството на детето, осомничениот побегнал во Чешка, се вика Андреј и има 36 години, а наскоро ќе биде префрлен во Германија. Осомничениот е уапсен во ресторан во Прага, соопшти полицијата.

Андреј е поранешен партнер на мајката на Валерија, која изјавила дека неодамна имала проблеми со него. Тој ден бил снимен и од надзорните камери на погребалното претпријатие во непосредна близина.

Да потсетиме, девојчето исчезна на 3 јуни на пат кон училиште. Полицијата ја бараше со денови, а телото на Валерија во среда на 12 јуни беше пронајдено во шума недалеку од нејзината куќа. Утврдено е дека била убиена, но не и сексуално нападната.

Валерија со мајка ѝ и сестра Викторија (3) се преселила од Украина во Германија пред две години, додека таткото на девојчето Роман Г. (32) останал како војник на фронтот во Украина.

Освен уапсениот Андреј, полицијата во фокусот на истрагата имала уште две лица. Станува збор за Украинец кој сакал врска со мајката на Валерија, но кога таа го одбила, тој почнал да го следи семејството. Полицијата се уште не успеала да го лоцира и испраша осомничениот маж.

Друг човек кој бил меѓу осомничените докажал дека во тоа време бил во Истанбул.

-Немам никаква врска со злочинот, не бев ни во државата. Срцето ме боли, имав добар однос со девојчето– рекол тој.

Началникот на полицијата на локалната полиција Карстен Кемпф (55) за „Билд“ изјави:

– Губењето на детето го крши срцето. Ќе вложиме максимални напори за расветлување на делото и откривање на сторителот.