– Полицијата синоќа во 23 часот и 40 минути во стан пронашла безживотно тело, без траги на насилство. Истрагата е во тек – соопшти МВР на Србија.

Нејзината смрт на социјалната мрежа Инстаграм ја потврди и мајката на Кристина.

– Со голема болка ве известувам дека мојата Кика почина вчера. Ќе ве информирам за датумот на погребот, напишала несреќната мајка на починатата девојка.

Кристина Ѓукиќ беше српска гејмерка, Јутјуберка и инфлуенсерка чиј YouTube канал имаше 700.000 претплатници. Родена е на 25 јули 2000 година во Белград. По нејзината смрт, пријателите и другите јутјубери оставаат бројни пораки на социјалните мрежи со кои се збогуваат со Кике.