Во регионот, а посебно во Србија силно одекна веста дека починала младата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ, а сега нејзиното семејство соопшти дека го добила обдукцискиот наод.
Соопштението го пренесуваме во целост:
– Нашата Кика ја нема повеќе и тоа е нешто што за жал не можеме да го промениме. Она што можеме да го направиме е да побараме од медиумите, инфлуенсерите, пријателите и „непријателите“ да престанат да шпекулираат за тоа што се случило и што ја предизвикало смртта. Во извештајот од обдукцијата се наведува дека причината за смртта е НЕПОЗНАТА (шифра c1156-21).
– За токсиколошкиот наод се чека и до 2 месеци, па нема да имаме информации што точно се случувало пред тоа. Со шпекулациите и нагаѓањата за тоа дека Кика се самоубила, доведовте до тоа да не можеме да го погребаме нашето дете и сестра, бидејќи свештеникот не сака да одржи погреб поради информациите за самоубиство што се шират во медиумите.
– Со овој извештај што ви го доставуваме, патријаршијата ќе го одобри погребот, но за жал, барањето се испраќа по пошта и нема да стигне на време, односно до терминот за погреб, кој е во вторник во 13 часот. Во оваа прилика ги молиме сите луѓе, медиуми и црквата да ни дозволат достоинствено да се простиме од неа и да ја погребаме по обичаите на СПЦ – велат од семејството Ѓукиќ.