Согласно календарот на неработни денови, 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам ќе биде неработен за сите граѓани.

По април, во месец мај неработни денови за сите се:

1 мај (среда), Ден на трудот
6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
Први април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден ќе биде неработен за припадниците на католичната вероисповед во земјава.

Осми април (понеделник), кога се одбележува Меѓународниот ден на Ромите ќе биде неработен за припадниците на ромската заедница во земјава.