Техничкиот премиер Талат Џафери најави дека е можно да го разреши Стојанче Ангелов од позицијата директор на Центарот за управување со кризи доколку тој не стои зад владината коалиција. Ова доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ најави проширување на коалицијата во предизборие, а меѓу партиите беше и партијата на Ангелов – „Достоинство“.

За време на денешната посета на Теарце, тој изјавил дека утре ќе разговара со Ангелов и ќе го разреши, доколу навистина потврди дека не стои зад владината коалиција.

Ангелов вчера најави дека ќе ја напушти владината коалиција бидејќи ќе премине во коалиција со опозицијата и дека предложил оставка.

Директорот на ЦУК, Ангелов во телефонска изјава за Канал 5 вели дека веќе остварил разговор со Талат Џафери, но не сакаше да открие детали, и ниту ја потвреди, ниту ја демантираше веста за негово евентуално разрешување.

„Останувам подготвен да останам на чело на ЦУК, но ако бидам разрешен ќе се вратам на своето претходно работно место во М-НАВ“ – изјавил Ангелов за Канал 5.

Како причина за напуштањето на коалицијата, Ангелов ги наведе неисполнетите очекувања за надминување на горливиот проблем со кој се соочуваат се уште необесштетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители..