На церемонијата за одбележување на почетокот на оружениот конфликт во 2001-вата во Слупчане денеска се појави и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во еден момент додека положуваше цвеќиња на гробовите на загинатите припадници на ОНА, револтиран татко не му дозволи да стави цвеќе на гробот на син му.

Станува збор за загинатиот Али Махмути од скопско Ченто. Животот го загубил за време на борбите во Матејче. Револтот е резултат на нерешавањето на статусот на ветераните на ОНА и на семејствата на загинатите.