Претседателот на српското Собрание Ивица Дачиќ има ќерка и син кои живеат во Лондон со жената од првиот брак, од која се уште се нема разведено. Така барем тврди извесна Соња, која на својот наводен татко му испратила писмо преку мејл, а кое на адресата на Кабинетот на шефот на српската влада пристигнало пред неколку дена.

-Почитуван господине Дачиќ, јас сум Соња, ваша ќерка од првиот брак. Ве замолувам да признаете дека јас и брат ми сме ваши деца, или ќе ве тужам за болката која ни ја нанесовте нас сите овие години. Мене не ме интересира со кого сте вие сега и што работите, но сте одговорни да се грижите за мене и мојот брат и јас ќе барам д ани плаќате алиментација и оштета на мојата мајка која плаче 20 години, бидејќи сте ја оставиле и се уште не сте разведени, пишува фантомската черка на Дачиќ.

Бизарни фотографии од Соња

Освен тешката исповед на оставената ќерка, која псоле толку години конечно собрала храброст да се обрати до нејзиниот татко, Соња пратила и неколку фотографии на кои се сликала, благо речено, во бизарни пози.

На едната од нив, Соња носи мал црвен шешир, налик на оние кои ги носат вештерките, додека на другата лежи во кревет со леопард дезен и со разголени нозе и црн шешир на себе.

Што вели Дачиќ?

Запрашан да го искоментира овој случај, Дачиќ кој е очигледно шокиран од бизарноста на истиот кажа во што е најголемиот проблем со вакви и слични тврдења кои доаѓаат од непознати луѓе.

-Кога во прашање се напади кои доаѓаат од медиуми и политичари, тука остануваат лузни, но се оди понатаму. Овде е опасно тоа што некој од актерите верува во тоа што го пишува. Тука настануваат проблемите. Најголем проблем кај одредени луѓе кои имаат некои психички проблеми е тоа што тие навистина веруваат во тоа. Јас не сакам ништо лошо да кажам за оваа личност, бидејќи не ја пзонавам, но ако чувствува дека нешто сум згрешил кон нив, до каде оди границата на казната? За среќа, таа не живее овде, барем така пишува… наведува Дачиќ и додава дека неговата сопруга законска сопруга Соња не го прашала дали има таен брак.