Се појавија последните фотографии од шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој загина минатата недела во авионска несреќа во регионот Твер.

Пригожин бил виден како прави селфи со локалното население во Банги, главниот град на Централноафриканската Република – една од многуте африкански нации каде што е распоредена групата „Вагнер“.

Платеничкиот водач, кој ја заменил својата типична воена облека за обична цивилна облека, беше опкружен со насмеани локални жители кои изгледаа воодушевени од средбата со рускиот олигарх, позирајќи за фотографирање, ракувајќи се и гушкајќи го додека и тој се смеел.

Набргу по средбата и поздравувањето со жителите на Банги, Пригожин заминал во Мали, каде што уште еднаш ја облече воената униформа.

„Работиме… температурата е над 50 степени, баш како што ни се допаѓа… Вагнер ја прави Русија поголема на сите континенти, а Африка послободна“, навел тој, пренесува „Дејли мејл“.

Неколку дена подоцна, тој загина во авионска несреќа што нашироко се смета за одмазда од Владимир Путин и Кремљ, откако Пригожин и контингент платеници од групата „Вагнер“ започнаа краткотраен бунт против руското министерство за одбрана во јуни.