Најмалку едно лице загинало а две се повредени во силна експлозија која се случила на последниот кат на станбена зграда во центарот на Србија, јавува РТС.

Експлозијата се случила вчера околу 20:30 часот и се слушнала до периферијата на градот, а според првичните извештаи оштетени се три спрата и разнесен е дел од покривот на зградата.

Во несреќата се повредени брат и сестра, целата зграда е евакуирана, а граѓаните се собрале во близина на местото на експлозијата.

Според првите неофицијални извештаи, се сомнева на експлозија на гас, но засега нема потврда дека тоа е причината.

Н1 јавува дека во експлозијата се помалку или повеќе оштетени дваесетина станови.

На терен се пожарникарите, припадниците на Секторот за вонредни ситуации на српската полиција и форензичари, а увидот е во тек.