Почина српскиот уметнички историчар и сопруг на популарната хрватска водителка Видоје Ристовиќ, а сега откриено е и како.

Брзата помош констатирала смрт, а извор близок до парот открил како починал Ристовиќ.

– Утрово околу 10 часот почина на масата за масажа – изјави извор близок на „Блиц“ и додаде:

– Имаше закажано масажа. Се појавиl на неа, по некое време му се слошило, веднаш луѓето од салонот повикале брза помош, но можеле да констатираат смрт. Потоа се јавиле во семејството на Видоје и соопштиле дека тој починал. На местото на настанот излегле голем број полицајци, изјави извор за „Блиц“.

Николина Пишек за српските медиуми ја потврди смртта на својот сопруг, но немала снага да кажи нешто повеќе.

Ристовиќ живееше на релацијаБелград – Загреб. Николина и Видоје се венчаа во септември 2013 година во Монте Карло, а на 2. декември 2014 година ја добија ќерката Уна Софија.