Петгодишно момче кое беше единственото преживеано од страшната несреќа на жичарница во Италија во која загинаа 14 лица, вклучувајќи ги и неговите родители, се разбуди од кома во болница во Торино и праша: „Каде се мама и тато? ‘
Еитан Биран за чудо ја преживеа трагедијата во Аплам, но неговиот татко и мајка, како и неговиот помлад брат и прадедо и прабаба немаа среќа.
Храброто момче е на одделот за интензивна нега цела недела, но веќе дише без помош на апарат, иако има потешкотии во зборувањето.
Кога се разбудил во детската болница Регина Маргерита, покрај него била неговата тетка Аја (41). Прво рекол дека има болки во грлото, а потоа ја прашал каде е и зошто е таа до него.
Не е познато дали веќе му е откриено дека неговата мајка Тал (26) и неговиот татко Амит (30), како и двегодишниот брат Том, прадедото Јицак Коен (81) и прабабата Барбара Конински (71) ги нема веќе.
„Понекогаш Еитан прашува за неговите родители, но тетка му е цело време со него“, изјави шефот на болницата Џовани Ла Вале.
Многумина оставаат подароци за малото момче, а три семејства нудат да го посвојат по трагедијата.
Три лица се приведени во затвор во Вербанија, вклучувајќи го и шефот на жичарницата Луиџи Нерини и неговите колеги Габриел Тадини и Енрико Перокио. Доколку бидат осудени, им се заканува казна затвор од 30 години.
„Сè е моја вина“, рече Тадини во четвртокот, објаснувајќи дека ја оставил отворена „вилицата“ за механичко запирање на жичницата. Но, истражувачите велат дека деактивирањето на сопирачката било одобрено од неговите поискусни колеги Нерини и Перокио.
Сите тројца признале што се случило, а наводно ова не било прв пат да го сторат тоа.
Еитан претрпел траума на градниот кош и стомакот, како и фрактури на екстремитетите, за време на трагичниот инцидент минатата недела и се уште е во критична состојба, со тетка му и бабата и дедотпо во болницата.
Телата на неговите родители, брат, прадедо и прабаба биле пренесени од Милано во Израел, а биле погребани во Авиел во четвртокот.
Меѓу загинатите биле свршениците Алесандро Мерло (29) и Силвија Малнати (27); сопружниците Анџело Вито Гаспаро (45) и Роберта Пистолато; свршениците Виторио Зорлони и Елизабета Персанини (38) и нивниот петгодишен син Матија и младиот пар Серена Косентино (27) и Мохамедреза Шахаисаванди (23).
Несреќата се случила непосредно откако Италија ги релаксира мерките за ограничување поврзани со пандемијата на коронавирус и ги отвори вратите за туристите.