Легендарниот фудбалер Самуел Ето играше во Лондон на хуманитарен натпревар наречен Game4Ukraine и доби најголемо внимание од британските медиуми. На стадионот на Челзи се одигра хуманитарниот натпревар за Украина, а конечниот резултат беше 2:2.
На натпреварот настапија многу познати фудбалери како Чех, Канаваро, Пике, Ѕола, Сидорф, Срна… Легендарниот Ето ги изненади сите на стадионот, но и навивачите на социјалните мрежи.
Поранешниот фудбалер на Барселона, Интер и Челзи денес има 42 години и изгледа буквално непрепознатливо поради својата дебелина. Очигледно е дека по пензионирањето во 2018 година тој повеќе не внимава толку на исхраната.
Да потсетиме дека Ето во кариерата освои три титули европски клупски шампионати, со Барселона во 2006 и 2009 година и со Интер во 2010 година.
Со Камерун го освои златото на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, а со својата репрезентација освои и две титули во африканскиот шампионат (2000, 2002 година).