Повеќе од осум години откако беше пријавен за исчезнат во Хјустон, Рудолф Руди Фариас IV беше пронајден жив овој викенд, со исеченици и модринки. Тексашкиот центар за исчезнати лица соопшти дека Фариас се опоравува во болница.
Последен пат бил виден на 6 март 2015 година, кога имал 18 години, а во моментот на исчезнувањето ги шетал своите кучиња во населба во североисточен Хјустон, пишува USA Today.
Мајката на Фариас изјави за локалната станица KTRK дека некој се јавил на 911 откако го нашол како не реагира надвор од црквата. Таа додаде дека се обиделе да разговараат со него, но дека младиот човек кажал само неколку зборови.
Таа изјавила дека има долг пат до закрепнување, но дека е благодарна што е пронајден жив.