Гори катната гаража над „Тинекс“ на улица Мито Хаџивасилев Јасмин. Се запали ресторанот „Рагуза“, кој е над катната гаража „26 Јули“.
„Се запалил ресторанот ‘Рагуза’, најгоре на катната гаража. Екипите заминуваат на терен”, изјави за СДК.мк Владимир Симоновски, командант на скопската Бригада за противпожарна заштита.
Пожарникарските екипи дојдоа од Чаир, каде гаселе пожар во куќа на улица Дижонска. Во подрумските простории се запалиле спрејови.
Веќе 20 минути пламенот не стивнува, не се смалува, туку се шири и појачува. Во катната гаража има возила, пишува СДК.мк.
Неофицијално пожарот настанот на покровот на ресторанот „Рагуза 360“ во кујната додека имало свадба.
Според очевидци, се слушаат детонации можеби од плински боци. Пристигнаа противпожарни екипи.
Засега не е познато од кои размери е огнот и што е причината за пожарот.