Се трага по 27 годишна девојка од Скопје која е пријавена за исчезната.

Скопјанец пријави дека исчезнала неговата вереница.

Полицијата соопшти дека вчера во 19:45 часот во Полициска станица Гази Баба, 29-годишниот В.Т. од село Трубарево, скопско, пријавил дека од дома се оддалечила неговата вереница, 27-годишната С.С. од Скопје.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојката.