Патиките, врвките и отпушокот од цигара пронајдени на шеталиштето покрај реката Сава не му припаѓале на исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит, јавуваат утрово српските медиуми.
Како што утрово во утринската програма на ТВ Пинк потврди новинарот Младен Мијатовиќ, на овие предмети не била пронајдена биолошка трага од младиот човек од Сплит, кој исчезна ноќта меѓу 30-ти и 31-ви декември минатата година во центарот на Белград.
Мијатовиќ рече дека се уште има надеж дека Матеј е жив, но дека се поизвесно е дека тој во состојбата во која се наоѓал најверојатно паднал во реката Сава.
Потрагата по Матеј Периш трае веќе единаесетти ден, а според снимките од камерата, младиот Хрват речиси цел час трчал низ околните улици кај Бетон хол во Белград каде што претходно бил со своите пријатели.