Крвната одмазда е обичај карактеристичен за неразвиените општества, кога конфликтот помеѓу две семејства или кланови кој започнал со уbиство на член на едно семејство, продолжува со меѓусебно ликвидирање на еден по еден маж, се до последниот.
Терминот што се користи е дека едно семејство „должи крв“ на друго и долгот се враќа само со ликвидација на човек од друго семејство.
И покрај забраните и обидите да се искорени, овој обичај постои и денес, но едно од најстрашните поврзани со крвна одмазда во поранешна Југославија се случил во 1970 -тите години во Зеница.
Се започнало од сообраќајна несреќа
Сè започнало кога Стипо Чалиќ, возач од Зеница, учествувал во несреќа во Црна Гора во која загинало едно момче. Тамошниот суд донел ослободителна пресуда за Чалиќ и целиот настан го прогласил за несреќен случај.
Маќеата на загинатото момче – Вишња Павловиќ, не гледала така и се заколнала дека ќе „наплати со крв“. Таа го убедила извесниот Драган Душан- Бајчета во замена за 500.000 динари во тоа време, да го ликвидира единаесетгодишното момче Бруно, синот на Стипе, и на тој начин да изврши крвна одмазда.
За убиството знаел и таткото на повреденото момче – Рајко Павловиќ.
„Имаш многу убав син“
Вишња и Драгомир не биле задоволни „само“ со ликвидација на малиот Бруно. Она што го направиле ја замрзнува крвта во вените. Во 2011 година, мајката на Бруно и сопругата на Стипе, Анка, се уште била жива и во интервју за порталот Херцег Босна, се сети на тие страшни денови.
Како што рече, Вишња и Бачета неколку пати доаѓале пред нивна врата, наводно гледајќи ја куќата што „сакале да ја изнајмат“.
– Го видоа Бруно, ги запознаа неговите навики, дознаа каде и кога оди на училиште … Вишња отиде толку далеку што за време на посетата го стави Бруно во скут, разговараше со него за училиштето и го милуваше, вели мајката на Бруно.
На Анка и рекла дека има многу убав син.
– Таа го чекаше тој ден и го замоли да ја однесе на гробиштата во близина на училиштето. Бруно не се сомневал во ништо, а Бачета го пречекал на гробиштата и го усмртил, по што побегнале. Кога видов дека не доаѓа дома на време, се упатив кон училиштето и ја сретнав жената по пат, но не се сомневав во ништо. Со години се молев на Бога да ме земе, да не ја доживувам таа болка што е присутна и денес, рече Анка.
Единаесетгодишниот Бруно Чалиќ бил усмртен со девет убоди.
Сурова игра на судбината
Вишња Павловиќ беше уапсена во 42 часа по грозоморниот чин, а Драгомир Бајчета беше уапсен во кафеана. Тој се покаја на суд за она што го сторил, но Вишња никогаш. По емотивното и страшно судење, двајцата беа осудени на см рт.
Третиот соучесник, сопругот на Вишња и татко на детето што загина во сообраќајката, Рајко Павловиќ, беше осуден на 20 години затвор.
Четиринаесет месеци по одмаздата, во август 1973 година, Вишна Павловиќ и Драгомир Бајчета беа застрелани некаде во близина на Сараево. Тоа беше една од последните см ртни казни извршени во БиХ. Тие биле закопани во необележани гробници, во согласност со законите од тоа време уб ијците биле закопани на овој начин, со цел да се избегне создавање на „култ на личноста“. Дури и денес не се знае каде почиваат.
Рајко Павловиќ, сопругот на Вишња, ја отслужи казната и излезе од затвор. Суровата игра на судбината сакаше и неговиот втор син, кој го имаше со Вишња, да загине во сообраќајна несреќа.