Седумгодишното девојче Теја Меки (7) починала во средата во Шкотска, откако лекарите ја отпуштиле од одделението. Девојчето било итно пренесено во болница во понеделникот, а лекарите и дијагностицирале мигрена и во вторникот ја испратиле дома.

Меѓутоа, нејзините загрижени родители се плашеле дека нешто не е во ред откако таа се вратила дома. Мајката Трејси им кажала на своите пријатели на Фејсбук дека состојбата на девојчето се влошува – и дека таа вреска од болка секој пат кога ќе погледне кон нешто светло.

– Моето девојче е во агонија, целосно сум изгубена, напиша Мајката. Нејзината ќерка почина следниот ден.

Мајката на Теја во објава на социјалните мрежи напиша:

– Денес прерано замина нашата љубезна, духовита, паметна и убава принцеза. Изгубени сме. Теја душо, 7 години никогаш нема да им бидат доволни на мама и тато.

Мајката ја опишала својата ќерка како „весела, духовита, дрска и секогаш насмеана“ и рекла дека сака да „пее, игра и црта“ и „само сакала да сака“.

– Таа беше персонификација на самиот живот. Буквално живееше и сакаше како да нема утре, додаде мајката.

Обдукцијата допрва треба да се изврши, а бабата на Теја, Реј Кари, изјавила дека семејството не сака да обвинува никого додека не откријат што ја предизвикало трагичната смрт на Теја, пренесува Daily Record.