Зоки Фаци се вработува во А1, потоа се вработува Мелита, таа гостуваше кај вас, од затвор ве гледав и се забавував со вас со некакви погрдни зборови кон мене, но јас не замерувам бидејќи тоа е лично право за поединец да го доживее некого како сака само да не зборува глупости и невистини но тоа е лична одговорност во прашање, изјави Боки 13 во синоќешниот поткаст кај Стефан Лазаров.

– Нејзе ја избркаа поради секс скандал од Сител телевизија, којшто го имаше во тоа време, мене ми стана жал, јас и се јавив и јас ја инфилтрирав во А1, јас ги споив со Хеди Рамковски, рече Јовановски.