Семејната драма се одвиваше во Турција, кога двајца родители мораа да бидат одвоени од нивните шест деца, бидејќи се испратени во затвор, бидејќи се обвинети дека се членови на забранетата организација Ѓулен.
Пратеникот на Партијата на Зелената левица Омер Фарук Гергерлиоглу на својот профил на социјалните мрежи објави дека сопружниците Абдулкадир и Нурџан Арслан, со декретот за вонредна состојба, се уапсени во Едрене.
Нивните шест деца кои останаа без родителите се неутешни. Видеото што го објави пратеникот е потресно бидејќи на него се гледа како семејството се разделува во просторија, за која се вели дека е во судската палата во Едрене. Двојката има 13-годишна ќерка и 7-годишни петорки, додека едно од децата е инвалид од раѓање. Децата чекале некое време во полициска станица, а потоа роднините ги однеле во Истанбул.
Според она што е објавено, Абдулкадир Арслан работел во училница која била затворена со декрет, а неговата сопруга била домаќинка. На двајцата им се судеше за приклучување кон терористичка организација, како ѓуленисти. Абдулкадир Арслан е осуден на 9 години, а неговата сопруга на 6 години и 3 месеци затвор за наводно членство во терористичка организација.
Во минатото семејството ги окупираше медиумите за раѓањето на петорките. Двојката веќе имала ќерка, која очајно барала браќа и сестри. Жената забременила со петорки, по хормонската терапија на која била подложена.
BİR AİLE DRAMI daha!
derken abartmıyoruz.
Dayanabilen çocukların halini izlesin.
Anne ve babalarından koparılan, yalnız bırakılan 13 yaşındaki Vildan ve 7 yaşlarındaki beşiz kardeşlerin haline yürek dayanmıyor.
Çocukların ebeveynlerinden ayrılık anları buz dağının görünen küçük… pic.twitter.com/KuGNatbl4Z— Tutsak Bebekler (@TutsakBebekler) October 1, 2023