Триесет и осумгодишен маж е осомничен дека рано утрово во куќа во Смедерево ја усмртил невенчаната сопруга (39).

Жената починала од повредите во болница, јави РТС. Осомничениот избегал со нивното двегодишно дете, а полицијата ги пронашла меѓу чамците во смедеревската марина.

Семејната драма се одвивала утрово во семејната куќа на сопружниците, а се претпоставува дека на страшниот чин присуствувало и детето.

Се скарале

– Сомнежите се дека пред прободувањето дошло до кавга меѓу сопружниците, што довело до трагедијата. Во еден момент мажот грабнал ноzh и ја прободел несреќната жена во вратот. Сопругот потоа го зел детето во раце и излегол од куќата, ја раскажува драмата соговорник на Блиц.рс и додава дека тешко ранетата починала во болница.

Полицијата веднаш почнала да трага по осомничениот, а морала да биде многу внимателна, бидејќи знаела дека детето е со него.