Во Медулин почина девојче од Чешка. Итна медицинска помош била повикана во апартманот на турист од Чешка, но тие не биле во можност да му помогнат на петгодишното дете, пренесува Дневник.хр.

Утринава околу 6:05 часот во истарската полиција е пријавено од итната медицинска помош дека на дете во Медулин му е потребна лекарска помош. Семејството се наоѓало во поширокиот центар на Медулин.

И покрај напорите на здравствените работници, детето починало и било пренесено во болницата во Пула на обдукција.

Според првичните информации, девојчето не се чувствувало добро во текот на вечерта, а семејството веќе побарало лекарска помош поради здравствените проблеми на девојчето.

Што точно се случило ќе се знае откако полициски службеници ќе ги утврдат околностите. Од портпаролката на ПУ на Истра, Сузана Сокач, Глас Истра дознава дека е отфрлено секое сомневање за насилна смрт и кривично дело.