Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина се родија пред два дена на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Родени се во 31 недела, овие мали борци се во инкубатор и нивната здравствена состојба е добра. Градоначалникот на Општина Штип најави поддршка на родителите на штипската четворка.

Александар е вработен, а мајката Благица нема да може да добие платено порoдилно и недостасуваат две недели за da го исполни критериумот од шест месеци, бидејќи малите побрза и се родија предвреме во 31 недела. Зачнати се ин витро на клиника во Турција. Новороденчињата се родени со тежина од килограм и 150 грама до килограм и 350 грама, а се долги 31 сантиметар.

Ова е втора штипска четворка. Првата четворка е три женски и едно машко и имаат веќе по 26 години.