Колумбиската ѕвезда Шакира вчера заедно со своите синови отпатува од Барселона за Мајами, каде ќе живее по раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике.
Шпанските медиуми одлучиле да ја испратат на аеродромот, каде пејачката во солзи се опростила од својот досегашен живот во Барселона. Шакира била фотографирана додека ги држела за раце своите два сина, Милан и Саша.
Претходно на социјалните мрежи таа напиша дека живеела во Барселона за да може да им овозможи стабилност на своите деца, а дека сега сепак ја бара на некое друго место.
„Денес започнуваме ново поглавје во потрагата по нивната среќа. Ви благодарам на сите што сурфаа покрај мене на толку многу бранови во Барселона, градот во кој научив дека пријателството е дефинитивно подолго од љубовта. Им благодарам на сите што ме охрабруваа, ми ги бришеа солзите, ме инспирираа и ме охрабрија да пораснам“, напиша пејачката на Инстаграм.
Во текот на летот, Шакира објавила емотивна порака со фотографија од погледот од авионот.
„Но, нештата не секогаш се онакви какви што сонуваме. Понекогаш трчаме, но не стигнуваме. Никогаш не се сомневај дека ќе бидам тука“, напишала славната пејачка.
Поранешниот пар потврди во ноември дека конечно постигнал договор за старателство над децата по долготрајните преговори кои завршија со состанок на нивните адвокати. Како што пренесуваат шпанските медиуми, нивните деца треба да тргнат на училиште во Мајами на 11 април.
За потсетување, во последната година животот на Жерар Пике го одбележа неговата разделба со Шакира. Во текот на последните неколку месеци и двајцата имаа неколку контроверзни јавни истапи, особено Шакира која своите последни песни му ги посвети токму на Пике.