Холивудската актерка Памела Андерсон (55) ќе глуми во третиот дел од филмот „Јужен ветар“ пренесува српски Курир. Дејствието на новиот филм ги носи главните ликови надвор од Белград и Србија во авантури кои ќе доведат до преиспитување на меѓусебните односи.

Доаѓањето на Памела, како ѕвезда во третиот дел, не е изненадување за луѓето од филмскиот бизнис, бидејќи таа ги има истите агенти како и нејзините колеги, холивудските актери Ерик Робертс и Вилијам Болдвин. Тие ја снимија втората сезона од серијата. Но , не е само Памела ѕвезда во филмот затоа што пред неколку дена беше објавено дека и Моника Белучи ќе игра во филмот.

За ангажман на светските ѕвезди, како што дознава српски „Курир“, потребно е да се издвојат меѓу 50.000 и еден милион евра.

Авторите на популарната франшиза сѐ уште не сакаат да ги откријат деталите од третиот дел. Инаку, главен актер во „Јужен ветар“ е познатиот српски актер Милош Биковиќ.