Турската актерка Бергузар Корел и сопругот Халит Ергенч, најпознати по улогите на Шехерезада и Онур во серијата „1001 ноќ“, го добија своето трето дете, јавуваат турските медиуми.
Бергузар утрово родила девојче, а тамошните медиуми пишуваат дека ја нарекла Лејла. Актерската двојка се уште не се огласила на социјалните мрежи за приновата во семејството.
Бергузар и Халит се во брак од 2009 година, а покрај Лејла ги имаат и синовите Али и Хан. За третата бременост Бергузар дознала на снимањето на серијата „Кнали Јаји“.
„Откако не бев на малите екрани три години, за време на неколкумесечната подготовка за улогата во серијата Кнали Јаји, дознав дека сум бремена. Иако бременоста не ме спречи да го продолжам проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физичките промени, тие не се соодветни за мојот лик “, напишала тогаш актерката на социјалните мрежи.