НИШ- 16 годишна девојка вечерва околу 21.15 часот скокнала во реката Нишава кај Ниш, но за среќа преживеала бидејќи давењето го спречило островче со камења во реката на кој се запрела.

Таа е во свесна состојба, но најверојатно со скршеници. Со возило на Брза помош е пренесена во Ургентен центар. Ја спасиле пожарникари и добронамерен и храбар граѓанин, јавуваат српските медиуми.

Додека ја спасувале, плачела на цел глас, бидејќи најверојатно се здобила со скршеница.

– Се скарала со другарка која била таму и потоа скокнала во делот од реката каде што е водата, но и островчето од камчиња. Имаше среќа што Нишава беше плитка, а доколку поројот ја повлечеше сигурно ќе се удавеше – изјави еден од луѓето сведок на настанот, кој сепак не го видел скокот во реката.

Драмата се одвивала кај поранешниот грчки конзулат во Ниш.