Фамилијата Ахмети, маж, жена и 4-годишни близнаци од Скопје се дел од загинатите во автобуската несреќа утрово во Бугарија, објави порталот на албански јазик „Шкипмедиа“.

Како што објавува „Шкипмедиа“, меѓу загинатите е и 27 годишната Сумеја Брава.

27 годишниот Газменд Укали од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинале во несреќата што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица.

Информацијата за Телма ја потврдил градоначалникот Дехари.

Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27-ми роденден со својата вереница во Истанбул.

Укали беше член и на Советот на млади на Општина Кичево во 2015 година.

Четири загинати лица се од Дебар

Меѓу загинатите патници од Северна Македонија во автобуската несреќата што се случи во Бугарија се и четворица жители на општина Дебар.

Од општина Дебар неофицијално потврдуваат дека станува збор за С.М.(1971) и неговата сопруга З.М.(1973) од Дебар и сопружниците Е.Р. (1980) и А.Р.(1984) од село Косоврасти и додаваат дека сепак чекаат официјална потврда од надлежните.

С.М. и Е.Р. биле вработени во Одделението за внатрешни работи во Дебар.

На социјалните мрежи веќе се изразува сочувство до нивните семејства.