Се повеќе туристи кои летуваат во Хрватска се жалат на огромните казни кои општинските власти на многу туристички места ги наплаќаат за одредени прекршоци. На списокот на санкции е дека во Дубровник не смее да се возат куфери со тркала, ниту пак да се шетате во костим за капење или без кошула, додека на Хвар ќе ве удрат по џеб ако пиете пиво на клупа, a не во кафуле.
Последниот случај доаѓа од островот Паг, односно од плажата во Повљана, каде што се објавени известувања за казна од 150 евра за сите што ќе дојдат на плажа со куче. Општината ги постави овие табли за да нема дилеми кога надлежните ќе дојдат да собираат пари од неинформираните туристи, но и од домаќините.
Казната е претерана според мислењето на многумина, но позитивно е што на ова место има плажа за кучиња.
– Слушнав дека многу туристи со домашни миленици го напуштиле сместувањето порано од планираното затоа што се чувствуваат непожелнi, токму поради таквите драстични известувања и казни кои „паѓаат во очи“.
Повљана се наоѓа во јужниот дел на островот Паг и има помалку од 1.000 жители.