Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, уловил сина ајкула во Будва, тешка меѓу 150 и 200 килограми, пренесува РТЦГ. Бојановиќ за порталот РТВ Будва изјави дека ајкулата ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември годинава.

Ајкулата ќе се користи во музејот за едукативни цели, изјави за порталот РТЦГИлија Ќетковиќ, научен соработник во Институтот за морска биологија во Котор.

Ќетковиќ за порталот РТЦГ објаснува дека сината ајкула не е вид чиј риболов е забранет во Црна Гора.

„Иако е најзастапената пелагична ајкула на Јадранот, таа се гледа во текот на целата година, речиси половина од единките се евидентирани само во мај“, наведуваат од Институтот за морска биологија.