Две мртви и едно тешко повредено лице се пронајдени во семејна куќа во населбата Радничка во Бјеловар во централна Хрватска.

– Според првите информации се работи за насилна смрт. Повредениот е пренесен во болницата во Бјеловар. Пријавата полицијата ја добила околу 10 часот, објавија хрватските медиуми.

– Регионалниот портал Bjelovar.live јавува дека, според неофицијални информации, маж ги убил сопругата и нејзината мајка. Потоа, се чини, тој се обидел да се самоубие, пренесува Index.hr.

Сите сужби се на терен. Истрагата е во тек.