Сагата околу Лионел Меси изгледаше дека ќе има среќен крај, Копа Америка остана да се доврши за Аргентинецот да потпише нов договор, дури и се знаеја детали за истиот, но сепак работата „заглави“ некаде, па Меси кариерата ќе ја продолжи на друго место.

По неколку месеци неизвесност, Меси во принцип ја прифатил понудата на тимот од Каталонија, но по враќањето во Шпанија по настапот на јужноамериканскиот шампионат, кој заврши со триумф на „гаучосите“, ситуацијата почнала да се развива во насока во која никој во Барселона не посакувал.

Како што објави овој шпански весник, Меси не успеа да постигне договор со клубот бидејќи смета дека тимот е премногу слаб.

Сепак, сето ова беше неофицијално, но сомнежите ги отстрани самата Барселона:

„Најнови вести: Лео Меси нема да ја продолжи кариерата во Барселона“, напишаа Каталонците на официјалната веб -страница.