Во Инсбрук, Австрија, ноќта од петокот кон саботата, 30-годишен Босанец бил тешко претепан. Според локалната полиција, тој бил нападнат од неговите колеги од работа – петмина Бугари на возраст од 21 до 49 години.
Полицијата откри дека напаѓачите го следеле Босанецот, кој се враќал дома по прослава во Инсбрук, а потоа го нападнале – го удирале со тупаници и клоци.
Еден од тие Бугари (33 годишен) со клешта го удрил 30-годишниот Босанец по главата, а другиот (25) пред нападот му упатувал грозоморни закани.
Потоа ги пребарале работите на работникот од БиХ – полицијата не открива дали и што е украдено. Не се наведува ниту степенот на повреди на неименуваниот работник од Босна.
На петмина Бугари им е забрането да се приближат до работникот од Босна, а ќе бидат пријавени кај државен обвинител.