Грција е во шок. По смртта на 29-годишниот навивач на АЕК, кој го загуби животот во хулиганска тепачка на улиците на Атина, се смени перцепцијата за Хрватите во очите на просечниот Грк. „Ситуацијата во Атина не е поволна ниту за Хрватите, ниту за грчката полиција“, јавува репортерот на Нова ТВ.

Грците бесни на полицијата која ги имала сите информации од хрватската и црногорската полиција, па дури и регистерските таблички на автобусите со кои навивачите влегле на грчка територија. Тие дури знаеле каде ќе бидат лоцирани навивачите.

Приведените хрватски навивачи биле однесени на ДНК тест, а убиецот оставил траги на починатиот навивач и сега се трага по него. Во текот на целиот ден грчката полиција изврши рации, приведе седум навивачи на границата со Северна Македонија и еден во автобус кон Албанија.

„Според неофицијални информации, полицијата има отпечатоци од убиецот, а тој наводно е грчки државјанин“, откри репортерот на ТВ Дневник Нова.

За потсетување, полицијата приведе 98 лица, повеќето Хрвати, но меѓу нив има и грчки државјани, односно навивачи на Панатинаикос со кои навивачите на Динамо се во пријателски односи. Но, ова се уште се неофицијални информации.

Сите приведени во среда ќе излезат пред судија, кога ќе дознаат дали ќе бидат пуштени на слобода или ќе бидат испратени во истражен затвор од еден месец.