По објавувањето на видеото на кое се гледа како разголема девојка удира мајка која држи дете во раце, на базенот кај Саемот во Нови Сад, сведоците на инцидентот открија што всушност се случило.
Капачите кои биле на базенот во моментот на инцидентот објасниле дека девојката која наиде на остри критики всушност се обидела да го одбрани детето кое било во прегратките на нејзината мајка бидејќи пред тоа мајката го влечела за коса и наводно го давела. Девојката се обидела да го одбрани детето од насилничката мајка, која ја нападнала и ѝ го скинала ланчето и горниот дел од костимот.
– Не ја осудувајте девојката, девојката сакаше да им помогне на децата, а истата жена го удри девојчето и ѝ го скина костимот за капење, се вели еден коментар.
– Дотичната, која има дете во рака, пред оваа случка го давеше и го влечеше за коса ова дете, па ова девојче дошло да ја предупреди, а таа од гнев и го скинала костимот за капење и синџирот – се вели во друг коментар.
„Го повикавме обезбедувањето“
– Лично бев сведок како жена си ги тепа двете деца, влечејќи го едното за коса, а другото за уво, дојдов и ја замолив да не ги тепа децата! Почна да не навредува сите нас кои сакавме да им помогнеме на децата затоа што мајката им вршеше насилство во водата – е уште едно сведоштво.
– Повикавме обезбедување и спасувачи да им помогнат на децата, девојката која почна да ги брани децата е моја братучетка, не можевме да останеме рамнодушни и да ги гледаме како ги тепаат децата. Лично баравме да дојде полиција и да реагира Центарот за социјална работа . Познато е дека мајката ги тепа децата и проси во Нови Сад – се вели во објавата на Инстаграм.