Патник од автобусот што утрово излета од автопатот кај Славонски Брод и се преврте пред камерите на ХТВ опиша шокантен момент од несреќата.

Патникот Рамо Гаши раскажа како изгледале првите моменти по несреќата.

– Кога нешто пукна во секунда, ги видов сите тие луѓе, целата ливада, таму долу, тој канал покрај автопатот, рече Гаши.

Тој ја опишал ужасната глетка што ја видел.

– Ги видов повредените, мртвите, видов сè, луѓе без раце, видов сè, видов сè, изјави за ХТВ Рамо Гаши, еден од патниците во автобусот.