Околу 12:50 часот, се случи нова сериозна несреќа кај хрватското гратче Врбовец, во близина на Загреб.

Како што јавуваат хрватските медиуми, во несреќата загинале две машки лица.

-На автопатот ДЦ 10 во правец на Бјеловар, автомобил слета на патот. Двајца мажи загинаа, а третиот беше пренесен во болница, соопшти хрватската полиција.

Во тек е истрага, по што ќе се знае причината за оваа сообраќајна несреќа.

Сообраќајот на оваа делница се одвива заобиколен пат.