Таткото на новороденчето, чие тело е пронајдено во депонија во Грција, признал дека го фрлил бебето во контејнерот. Таткото, по потекло од Непал, тврди дека детето не е убиено, туку дека се работи за предвремено породување и дека детето е мртво родено, пренесува еспресо.рс.

Тој вчера го фрлил новороденчето во контејнер во градот Враврона, а полицијата бргу успеала да ги лоцира родителите и да ги донесе на разговор, откако синоќа мајката на бебето била примена во болница со обилно крварење. После тоа со преглед на камерите било утврдено дека таткото го фрлил бебето во ѓубре.

„Не сум видел ништо пострашно во мојот живот“

Заменик градоначалникот вели дека глетката на депонијата била грозоморна.

„Тоа е најстрашното нешто што сум го видел во животот“, рекол Јанис Аидионитис, опишувајќи го моментот кога телото било забележано на депонијата.

Телото на бебето завршило во преса, главата на бебето завршила во преса, а раката се висеше надвор“, рекол Аидионитис.

Тој рече дека сите се во шок по таа грозоморна сцена, а ѓубрето е собрано утрово во делот каде што е фрлено телото.

Полицијата претходно најави дека во понеделник ќе биде извршена обдукција.