Рускиот лидер, Владимир Путин, одобри специјална воена операција во источна Украина рано утринава, по што руските сили истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и влегоа на незина територија.
Набргу потоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи воена состојба на целата земја.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека ја уништиле воената инфраструктура во украинските воздушни бази и ја десеткувале воздушната одбрана на Украина.
Додека многу Украинци и странски државјани бегаат на запад, некои објавуваат видеа од ситуацијата на терен на социјалните мрежи. Експлозии одекнуваат низ Киев и други градови, а една од целите бил аеродромот во Ивано-Франковск.
Мы Вбомбим Украину в Ивано-Франковск! pic.twitter.com/DDpkzLD9VU
— Солнце взойдет! (@sun5nlne) February 24, 2022